Кога нешто е скриено, тогаш јасно е дека повеќе провлекува внимание и ја поттикнува љубопитноста, особено кога се работи за јавна личност.
Српската пејачка Милица Тодоровиќ девет месеци нанзад го криеше идентитетот на партнерот со кого чекаше, а пред една недела доби син кој го носи името Богдан.

Под вакви или онакви околности, добивањето пород е една од најубавите работи што може да ги доживее една жена со мајчинството, но Милица во нејзиниот случај има измешани чувства на среќа, мајчинска љубов, но и голем стрес бидејќи јавноста наголемо зборува за таткото на детото кој е оженет човек и се уште во брачна заедница од која има две деца.
Нештата се сменија кога сегашната сопруга на таткото на бебето, веднаш по породувањето на пејачката реши да ја обелодени тајната врска на Милица и нејзиниот сопруг.

-Во брак сме 19 години, имаме два сина. Пред еден месец ми кажа дека очекува дете со Милица. Бев шокирана, веднаш ја побарав Милица, ја сретнав пред нејзината зграда, ме покани горе во станот да разговараме. Маж ми беше таму. Убаво разговарав со девојката, но не и со него. Бев сомничава, но не погледнав ништо, ниту барав пораки, ниту нешто слично. Не знам што ѝ рекол, во брак сум 19 години, имаме нормален брак и не знам што ѝ рекол и што планирале. Имавме нормален брак… Едноставно е ужасно – изјави Љ. М. за Pink.rs
Оттука веќе почнаа да се замрсуваат нештата, па пејачката наместо да ужива во првите денови со бебето, таа е мета на осуда од поединци, но за утеха, ако може воопшто така да се нарече, Милица добива и лавина поддршка особено откако ја објави првата фотографија со рачето на бебето како го држи прстот на мама.

Први со поддршка и честитки се огласија колегите од македонската естрада, а меѓу нив: Даниел Кајмакоски, Калиопи, Елена Ристеска, Тамара Тодевска…


-Ништо поубаво од ова, слава на Бога. Добро ни дојде Богдан, пишува Кајмакоски кој по киднапирањето кое му се случи неодамна, очигледно се присобрал и се активирал на Инстаграм.
-Драга Милице, нека е жив и здрав и нека биде најсреќен и најсакан на свет- и порача Елена Ристеска.
-Главата горе! Уживај во благодетите на животот, и напиша Тамара Тодевска.
-Љубов, едноставно и остави коментар пријателката и колешка Калиопи со која е особено блиска.

Инаку, познато е дека Милица Тодоровиќ постојано изјавуваше дека многу сака да се оствари во улогата на мајка, а што е најважното тоа и се случи!
А во тешки денови, токму ваквите мали гестови се тие што најмногу значат.
фото:Instagram printscreen





