Мегафон тажна вест

Почина доајенот на македонската песна Наум Бурназ

Почина доајенот на македонската песна Наум Бурназ

На 86-годишна возраст, вчера, среда 22 јули 2026 во Охрид почина Наум Бурназ, доајенот на македонската опера и познат изведувач на староградски и забавни песни.

Тој го посвети својот живот на музиката. Долги години беше дел од ансамблот на македонската опера од каде што замина во пензија. Во пошироката јавност останува запаметен и по својата изведба на охридските староградски песни, како и по неговите песни, помеѓу кои најпознати се „Бор садила мома Евгенија“, „1762 лето“ (Песна за патрикот) по текст на Григор Прличев, „Јас Методи Патче од Охрида“, „Ој, љубов, љубов“, „Сакам едно моме“, „Те видов тебе и се заљубив“, „Мома крај извор седеше“ и други.

Во текот на својот живот Наум Бурназ и подари на јавноста безброј прекрасни безвременски интерпретации, а зад себе остави богата кариера исполнета со голем број антологиски изведби кои остануваат трајно запишани во македонската музичка ризница. Неговиот специфичен вокал и автентичниот пристап кон изворниот мелос ги освоија симпатиите на бројни генерации, правејќи го еден од најпрепознатливите гласови на нашата естрада.​
Тој за својот долгогодишен придонес и афирмација на културата, тој беше одликуван со статуетка и клуч на Општина Кисела Вода за трајни вредности.

Бурназ почина по помалку од еден месец од смртта на неговиот син Петар.
Последното испраќање и погребот на Бурназ ќе биде денес, 23 јули 2026 година, на Градските гробишта во Охрид, од 13:00 до 13:30 часот.

To top