Радио Милева уживање

Маја Шупут објави фотографии во бикини и ги воодушеви следбениците

Маја Шупут објави фотографии во бикини и ги воодушеви следбениците

Пејачката Маја Шупут летните денови ги поминува во Грција, а дел од атмосферата сподели со своите следбеници на Инстаграм. Пејачката објави неколку фотографии од луксузниот хотел во Атина, со краток опис „Kalimera GR“, што во превод значи „Добро утро, Грција“.

На фотографиите Маја позира покрај базенот на хотелот „Four Seasons Astir Palace Athens“ во бикини со леопардов дезен. Сончевото време, погледот кон морето и луксузниот амбиент јасно покажуваат дека пејачката слободните денови решила да ги искористи за одмор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by majasuput (@majasuput)

Хотелот во кој престојува има богата историја и некогаш бил омилена дестинација на светски ѕвезди како Френк Синатра и Брижит Бардо.

Објавата за кратко време собра бројни реакции, а следбениците ја опсипаа со комплименти и емотикони со срца и огнови. Не го криеја воодушевувањето од нејзиниот изглед.

Инаку, грчкото крајбрежје ѝ послужило на пејачката како идеално место за одмор и полнење батерии пред продолжувањето на бројните деловни обврски кои ја очекуваат.

Маја и оваа сезона е меѓу најангажираните пејачки, а покрај бројните настапи, редовно споделува моменти од приватниот живот и патувањата.

foto: printscreen/instagram/majasuput

To top