Радио Милева семејна средба

Ова е братот на Тања Савиќ: Еве во каков однос се денес

Ова е братот на Тања Савиќ: Еве во каков однос се денес

Пејачката Тања Савиќ вчера го поминала денот, уживајќи со семејството во луксузна населба со поглед кон реката.

Тања преку Инстаграм сподели прекрасни моменти од времето поминато во друштво на својот партнер Муки Бешиќ, братот Немaња, неговата сопруга Сара и нивното бебе. Објавата ја надополни со песната „September Memories“, која совршено се вклопи во пријатната атмосфера.

За оваа пригода Тања избрала лежерна црно-бела комбинација, а шеширот и очилата за сонце го надополниja нејзиниот изглед. Нејзиниот партнер Муки носи удобни панталони во крем боја и маица во маслинесто зелена боја.

Да потсетиме, братот на пејачката Тања Савиќ, Немања Савиќ, минатата година стапи во брак со својата тогашна бремена девојка Сара.

Свадбата беше скромна, со само неколку членови на семејството и пријатели.

Немања носел бело одело, додека Сара тогаш блескала во тесен бел фустан со спуштени раменици, кој го откривал трудничкиот стомак.

Сепак, она што тогаш ја изненади јавноста беше тоа што Тања Савиќ не се огласи по повод свадбата на својот брат на социјалните мрежи, а ја немаше ниту на фотографиите од свадбата.

Сепак, судејќи според новите објави, тие се во близок и хармоничен однос, а нема сомнеж дека Тања ја обожава нивната ќерка.

„Никогаш не е доцна за нов почеток“

Инаку, Тања пред неколку дена споделила објава, со емотивен опис.

„Никогаш не е доцна за нов почеток. Нов живот, нова сила. Животот нè крши и не штеди, некои луѓе си заминуваат, се создаваат нови можности и тогаш сфаќаш дека на човекот ништо друго не му е потребно освен здравје и мир. Ви посакувам убава недела!“, напиша пејачката на Инстаграм, а нејзиниот брат остави коментар:

„Совршено, продолжуваме понатаму“, ѝ порачал братот.

To top