Радио Милева погрешен моден избор

Сопругата на Безос ги истакна градите во Белата куќа, па ги разбесни луѓето: „Имај малку достоинство“

Сопругата на Безос ги истакна градите во Белата куќа, па ги разбесни луѓето: „Имај малку достоинство“

Уште една комбинација на Лорен Санчез стана главна тема на социјалните мрежи. Модните критичари на платформата Икс не ѝ го простиле изборот на облека за настанот во Белата куќа.

Џеф Безос и Лорен Санчез неодамна присуствуваa на гала-вечера во Белата куќа по повод доаѓањето на кинескиот претседател Си Џинпинг. Вниманието на јавноста го привлече Лорен, која и овојпат предизвика бројни реакции на интернет поради изборот на облека.

Како што може да се види, таа носела црн фустан со нагласена силуета и отворени раменици.

Станува збор за креација на модната куќа Alexander McQueen, која го става акцентот на деколтето. Фустанот со сирена-крој е изработен во минималистички стил, со цел вниманието да биде насочено кон горниот дел од фустанот. Креацијата ја истакна нејзината фигура, а стајлингот го надополнила со дијамантска огрлица и обетки.

Сепак, нејзиниот избор на фустан не бил по мерка на „модните критичари“ на Икс. Дел од корисниците оцениле дека ваквиот начин на облекување е „несоодветен за државна вечера“, додека други коментирале дека „парите не можат да купат стил“.

„Имај малку достоинство, за бога. Ова е државна вечера, а ти имаш 56 години“, гласел еден од коментарите на Икс, додека друг корисник напишал: „Таа обожава да го истакнува деколтето“.

Сепак, имало и такви кои овојпат застанале во нејзина одбрана.

„Тој фустан всушност е прилично конзервативен во споредба со нејзините претходни катастрофални изданија“, напишал еден корисник.

„Мислам дека овојпат избрала прилично добар фустан“, истакнал друг.

Foto: Instagram printscreen/jeffbezos/tiktok

To top