Талентираната кавадарчанка, 22 годишната Милица Ризо Трајков се врати на сцената на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Откако направи пауза од една сезона, таа се врати поискувна и подготвена да се покаже во истото светло од претходно, но многу посигурна.

Сигурно се сеќавате на нејзината театралност и авангардните костими, кои ниту овој пат за своето прво претставување во оваа сезона, не беа искулучок.
Специфичностите кај неа се издвојуваа во секој поглед, визуелно, но и со изборот на песните, една од Маја Оџаклиевска и другата од Северина од кои акцентот беше на високите делници.

Жирито имаше само пофални зборови за младата кавадарчанка, а особено ја испофали Александар Милиќ Мили кој од претходното натпреварување беше нејзин ментор.
Како другите, така и Цеца својот коментар го почна со пофалби за Милица, прво ја крена до небо, па ја спушти на земја кога одби да биде нејзин ментор. Исто така и претходното издание, Цеца Ражнатовиќ одби да и биде менторка и на Тамара Волческа од Гостивар за која сметаше дека жанровски не би се надополниле.

Со добиени шест гласа од жирито, Милица Ризо обезбеди директен пласман во вториот круг од натпреварувањето, продолжувајќи го својот пат во шоуто под менторство на Ѓорѓе Давид.

Дека ќе биде една од највпчатливите учесници кои ветуваат доста од сезоната во тек, тоа е сигурно, па останува да следиме и да ги поддржуваме нашите Македонци.
фото: You tube printscreen/Zvezde Granda





