Саша Ковачевиќ со години важи за еден од пејачите кои особено се грижат за својот изглед, а овојпат токму неговиот физички изглед повторно стана тема на бројни коментари на социјалните мрежи.
Имено, на мрежата Икс последниве денови корисниците масовно споделуваат фотографии и снимки од пејачот од различни периоди од неговата кариера. Се споредуваат неговите кадри од почетокот на кариерата со поновите фотографии и телевизиски гостувања, а посебно внимание кај дел од корисниците привлекле неговите усни.
Поради разликата што некои ја забележуваат на фотографиите, почнаа шпекулации дека Ковачевиќ наводно направил естетска корекција на усните. Дел од корисниците сметаат дека на поновите снимки тие изгледаат нешто пополни, додека во коментарите се води полемика дали станува збор за евентуална интервенција или разликата е последица на аголот, осветлувањето и самиот кадар.
Еден од коментарите особено привлече внимание:
„Но, Саша Ковачевиќ, кој цела кариера има премногу тенки усни, на 41 година одлучил да ги направи. Навистина не можам да ја процесирам оваа информација“, стоело во еден од коментарите.
Сепак, важно е да се напомене дека станува збор исклучиво за нагаѓања на корисниците на социјалните мрежи. Саша досега не се огласил по повод овие коментари, ниту потврдил дека направил каква било естетска корекција на усните. Фотографиите и снимките од различни периоди од неговата кариера продолжуваат да се споделуваат, додека корисниците се обидуваат да ги споредат промените во неговиот изглед.
Ali Saša Kovačević, koji celu karijeru ima pretanke usne, sa 41 godinom odluči da ih uradi. 😭
Zaista ne mogu da procesuiram ovu informaciju. https://t.co/8rjHdjH0NF
— Pčela u vanili (@pcela_u_vanili) September 27, 2026
Ковачевиќ никогаш не криел дека посветува големо внимание на физичкиот изглед, но претходно зборувал дека зад неговата форма првенствено стојат дисциплина, посебен режим на исхрана и редовно вежбање.
Пејачот своевремено откри колку е ригорозен кога станува збор за секојдневните навики, истакнувајќи дека со години се придржува до сопствениот режим.
„Веќе повеќе од седум години се водам според свој режим. Многу сум строг и кога станува збор за храната и кога станува збор за вежбањето. Ми се случувало повеќе од половина година да не изедам ниту коцка чоколадо, толку сум дисциплиниран. Тоа може да отиде во крајност и во некој вид болест, како што знаат моите да се пошегуваат, но тоа е мојот начин на живот“, раскажал пејачот за медиумите.
Foto: printscreen/ Instagram/sashakovacevic/Tiktok






