Промотер

Новата разиграна и енергична песна на Јана Мрческа силно „Мириса на лето“ (видео)

Новата разиграна и енергична песна на Јана Мрческа силно „Мириса на лето“ (видео)

Младата и талентирана македонска пејачка Јана Мрческа ја бранува сцената со своето најново музичко остварување насловено „Мириса на лето“.

Оваа разиграна и енергична нумера е дел од нејзиниот најнов ЕП-проект „Три такта љубов“ и совршено го доловува безгрижниот дух на летото, слободата и младоста. Зад беспрекорниот звук како автори се потпишуваат добро познатата Андријана Јаневска, која ја направи музиката, аранжманот, миксот и мастерингот, додека текстот е заедничко дело на Јаневска и самата Јана, која уште еднаш го потврдува својот кантаавторски потенцијал.

Песната е визуелизирана со атрактивен, динамичен видеозапис снимен покрај вода во режија на „PNT Videos“, кој дополнително ја засилува преубавата летна атмосфера.

Патот на Јана Мрческа на македонската естрада се развива брзо и со силно темпо. Таа за првпат го привлече вниманието во 2024 година, кога како најмлад учесник, на само 17 години, дебитираше на „Макфест“ со песната „Убава и Храбар“. Претходно, јавноста ја запозна и преку нејзината преработка „Вечна ѕвезда“, посветена на Тоше Проески, со чии песни настапуваше во Крушево, докажувајќи ја својата длабока емотивна врска со домашната музика.

По успешниот сингл „Иста приказна“ каде што дебитираше како текстописец, со „Мириса на лето“ оваа млада прилепчанка сигурно гази напред, градејќи го својот уникатен авторски свет на сцената.

To top