Промотер

Коки Јанков ја отвора душата и открива дека вистината за љубовта погаѓа најсурово по – „Пиво деветто“ (ВИДЕО)

Коки Јанков ја отвора душата и открива дека вистината за љубовта погаѓа најсурово по – „Пиво деветто“ (ВИДЕО)

Кога љубовта е вистинска, не ѝ е важно дали е зима, пролет или лето – саканата личност едноставно мора да биде тука! А ако за целосна атмосфера треба и едно пиво повеќе… тогаш приказната станува уште поинтересна. Токму ваква е и новата музичка приказна на Коки Јанков, кој го претстави синглот со симпатичен наслов – „Пиво 9то“.

Песната веќе е достапна на сите дигитални и стриминг платформи, а уште од првите стихови носи препознатлива комбинација од љубов, секојдневие и добронамерен хумор.

Главниот јунак во песната ја бара својата сакана во секоја сезона и во секој животен момент. Во зима сака некој да го има, во пролет некој да го „штима“, а кога ќе дојде летото и ќе се стигне до деветтото пиво, желбата повторно е само една – таа да биде покрај него!

И токму тука е шармот на „Пиво 9то“ – љубовта е сериозна, но животот не мора секогаш да се сфаќа премногу сериозно. Со доза хумор и многу препознатливи ситуации, Коки Јанков носи песна во која веројатно ќе се пронајдат сите оние кои барем еднаш ја барале љубовта… или се нашле на деветтото пиво!

Музиката и текстот се дело на Дејан Тасев, додека аранжманот го потпишува Дејан Георгиевски – Ѕене.

За песната е снимен и интересен видео спот со хумористичен пристап. Сниман во Штип, спотот ја следи забавната атмосфера на песната, а реализацијата е на Вацев студио.

Во реализацијата на проектот свој придонес дале и City Point, како поддржувачи на видео спотот за „Пиво 9то“.

Со новиот сингл, Коки Јанков спојува љубов, дружење, добра атмосфера и малку повеќе хумор, па останува само едно прашање – дали по осмото пиво, навистина доаѓа деветтото… и дали тогаш љубовта станува уште посилна?

Официјалниот видео спот е достапен на YouTube, а „Пиво 9то“ можете да ја слушнете и на Spotify и на останатите дигитални платформи или да го проследите видеото во продолжение…

To top