Промотер

Стефан Давидовски со емотивна балада за сите кои не се откажуваат – „Ќе станам пак“ (ВИДЕО)

Стефан Давидовски со  емотивна балада за сите кои не се откажуваат –  „Ќе станам пак“ (ВИДЕО)

Нова песна, ново поглавје и порака која лесно допира до секого! Стефан Давидовски ја претстави својата најнова песна „Ќе станам пак“ – емотивна  балада која зборува за падовите, новите почетоци, вербата во себе и онаа сила што нè тера повторно да продолжиме напред.

Давидовски стои зад текстот, со придонес на Новица Коцев, додека музиката, аранжманот и продукцијата се на Мартин Данчев. За мастерингот се погрижи Дарко Димитров.

„Ќе станам пак“ започнува тивко и интимно, со пијано и вокал, но како што се развива песната, така расте и емоцијата. Звучната слика станува сè побогата и подинамична, а особено впечатлив момент е завршницата во која се приклучува детскиот хор.

А токму во пораката на песната Давидовски гледа нешто што може да се препознае во сечија животна приказна.

„Најубавото за мене кај „Ќе станам пак“ е што секој може да ѝ даде свое значење. За некого тоа е нов почеток, за друг нова цел или едноставно потсетување да продолжи напред. Сакав песната да носи надеж и секој да може да ја пронајде својата приказна во неа“, вели Давидовски.

Во реализацијата на песната учествува и Детскиот хор при ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје, под подготовка и диригентство на Вера Ангеловска, што ѝ дава дополнителна емотивна димензија.

За песната е снимен и официјален видеоспот, кој продолжува во истата симболика и атмосфера. Белите платна, ракописот и светлината создаваат минималистички, но впечатлив визуелен свет, кој ја следи главната порака – и по најтешките моменти, секогаш постои нов почеток.

Концептот и режијата се на Just Alex, додека камерата и видеомонтажата ги потпишува Ангел Павловски.

Со „Ќе станам пак“, Стефан Давидовски очигледно сака да сврти нов лист и да се насочи кон авторска музика и препознатлив сопствен израз.

А дали токму оваа песна ќе стане неговата лична музичка порака за сите оние кои барем еднаш во животот морале да паднат за повторно да станат – останува да покаже публиката.

„Ќе станам пак“ веќе е достапна на YouTube, како и на музичките стриминг-платформи, а ако се уште не сте ја слушнале и погледнале, сторете го тоа од видеото во продолжение…

To top