Мегафон

„Бендот на браќата Нуне“ промовира два албуми – фолк и забавен: „Верувај ми“ ова е „Љубов“

„Бендот на браќата Нуне“ промовира два албуми – фолк и забавен: „Верувај ми“ ова е „Љубов“

Дојде моментот кога „Бендот на браќа Нуне“ комплет ќе го претстави тоа што неуморно го работеа скоро цела година. Станува збор за два албума со по осум песни, кои симболично ја обележуваат осум годишнината од нивното постоење. Песните на овие албуми се наменети за сечиј вкус, бидејќи едниот е наменет за љубителите на фолк музиката, додека другиот на забавната. Ова е доказ дека овие талентирани и школувани музичари подеднакво добро и успешно пливаат и во двата стила.

Фолк албумот е насловен како „Љубов“ и на него се смстени песните: „Браќа Нуне свират вечерва“, „Сине“, „Верни другари“, „Ќе се вратам мајко“, „Верна љубов“, „Напи се брате“, „Прстен и давам“ и „Тапаните силно ми чукаат“, која е обележана со спот и која летово стана голем хит. Забавниот албум се вика „Верувај ми” и на овој албум може да се слушнат „Љубов што е љубов“, песна која го обележа летото, „Верувај ми“, „Ништо не значи“, „Глеј“, „Живот“, „Еј, девојко, девојко“, „Љуби, љуби, љуби“ и „Љубовта е најскапа“. Од овие песни дел се веќе објавени и обележани со спотови, а останатиот дел ќе бидат промовирани до крајот на годината. Идната недела ќе се одржи концертна промоција на двата албума, на која во живо ќе бидат отсвирени и отпеани сите песни.

Членовите на „Бендот на браќата Нуне“ се презадоволни од се она што го сработиле до сега, особено од тоа колку добро ги примила публиката песните кои досега се обавени, бидејќи, како што велта, не постои настап а да не биде побарана некоја од новите песни. -Сметаме дека направивме песни кои ќе ги скаат, слушаат и пеат сите генерации. Тоа и ни беше целта, да може секој да се пронајде во некоја од нив. Оттаму и темата во песните е љубовта во разни облици, меѓу двајца вљубени, љубов во семејството, родителите, децата, но има и песни з разделба, бидејќи сме сведоци на иселувањето на младите и тоа не може да остане незабележано, велат од бендот и додаваат: -Долго време сме на сцената и свесни сме дека во македонската музика недостасуваат песни, бидејќи сите хитови веќе долги години се свират. Затоа нашата цел е и да направиме нови песни со кои ќе ја оживееме македонската музика. Поводот е нашето осум годишно постоење и осум годишнината е свртена во „инфинити“ што би значело дека нашата музика нема граници. Сметаме дека добро можеме да свириме и народна и забавна музика. Имаме два прекрасни вокали Мими и Дац, имаме прекрасни инструменталисти Слободан Геровски и Робер Јосимовски. Навистина добро се снаоѓаме и во народната и во забавната музика. Досега сте не слушале и во забавен во народен ритам. Сите теми на албумот се љубовни, посветени се на нормалните вредности, на традицијата. Секоја песна зрачи со љубов, порачуваат тие. Со овие два албума„Бендот на браќата Нуне“ подготвуваат свои спомени спомени со нивна авторска музика. Децидни се дека сите ќе ја разберат нивната порака, а тоа е-љубовта.

-Музиката си е музика и дали е народна или забавна за нас навистина не е важно, важно е да биде убаво. Сите песни се правени со љубов и се понатаму што ќе излегува од нас ќе се прави со многу љубов. А публиката тоа го препознава. Сите нас во бендот не дрижи музиката, но и почитта, ние сме другари од детство и благодарни сме што имаме вакви луѓе во бендот. Ние сме тим каков што треба да биде. Среќни сме кога луѓето се среќни со убави песни и затоа целта на овој проект е да направиме музика што ќе им се допадне на сите, порчуваат од бендот. Но, овој бенд не би бил тоа што е доколку не ја покаже и својата хуманост. Затоа на промоцијата планирано е да биде поставена кутија за донации, кои се наменети СОС детско село.

Планирано е секој што ќе дојде да добие специјална УСБ картична со песните од двата албума и секој по своја желба да донира средства. На промоцијата ќе има гости од соседството, пријатели на музичарите, а ќе ја води позната македонска водителка. Имињата и деталите ќе бидат откриени на денот на промоцијата.

Фото: Филип Пашовски

To top