Мегафон стартува новата сезона - 3

Нови гости, нови приказни, а сепак никаде ништо слично… Стартува новата сезона на поткастот „НИШТО ЛИЧНО“ (ВИДЕО)

Нови гости, нови приказни, а сепак никаде ништо слично… Стартува новата сезона на поткастот „НИШТО ЛИЧНО“ (ВИДЕО)

Летото и календарски полека изминува иако екипата на „Ништо лично“ не чекаше тоа да мине за да ви подготви нови возбудливи приказни со нови гости. Ако до сега чекавме возбудата да ни дојде во студио, летово го искористивме како вистински трагачи по возбуди ние да и отидеме во пресрет.

Го посетивме македонскиот бисер Охрид, каде направиовме неколку интервјуа, снимивме неколку предсезонски епизоди на нашиот и ваш поткаст, одејќи им на гости на некои од најзначајните македонски музички уметници. Оние кои во моментов се актуелни и ја промовираат естрадата и музичката уметност не само во Македонија, туку и надвор од неа во регионот и во светот, како и некои музички легенди кои оддамна си го обезбедија своето место во музичката историја на ова наше парче земја.

Едниот рокер што го освои регионот, другиот џезер што го освојува светот, третиот легендарен ДЈ кој ја освоил и Македонија и бивша Југославија, а сега го забавува највозбудливото парче од Америка, Мајами и неговата околина.

Веќе следната СРЕДА, на 23 септември „НИШТО ЛИЧНО“ – местото каде познатите си ја отвораат својата душа стартува со првиот ексклузивен гостин… Не пропуштајте ја премиерата во новата сезона, со почеток во 20.00 часот на YouTube каналот на КУРИР.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KURIR.MK (@kurir.mk_official)

Фото и видео: Ништо лично

To top