Радио Милева коректна

Милица Павловиќ е во лоши односи со Карлеуша, а еве што има да каже за нејзините ќерки Атина и Ника

Милица Павловиќ е во лоши односи со Карлеуша, а еве што има да каже за нејзините ќерки Атина и Ника

Пејачките Милица Павловиќ и Јелена Карлеуша некогаш се дружеа, соработуваа и почитуваа, но денес односите меѓу нив не стојат баш најдобро.

Сепак,Милица е коректна кога ја прашаа за ќерките на Јелена.

Павловиќ зборуваше и за Атина и Ника, кои неодамна имаа свечена роденденска прослава  во Белград.

Таа претходно имаше добри односи со ќерките на Карлеуша, па откри дали им го честитала роденденот, иако денес не е во блиска врска со нивната мајка.

– Немав можност да им го честитам роденденот, еве ја сега. Видов фотографии и видеа. Освен што се убави и прекрасни, имам најдобро можно мислење за нив. Тие се добро образовани, културни, интелигентни девојки, и само сакам да имаат што е можно поголеми крилја за да летаат и да им се остварат сите желби на светот – рече Милица.

фото:instagram printscreen/senoritamilica/ karleusastar/mega.zvezda.jk

To top