Во домот на ТВ водителот Жарко Димитвиоски и сопругата Ивана најголемата среќа во животот е дуплирана- тие станаа родители по вторпат и го добија благословот да имаат семејство во проширен состав.
Дека чекаат принова дознавме кон средината на април кога мама Ивана преку Инстаграм откри дека бебето е веќе во најава од нараснатиот труднички стомак.

Сега пет месеци подоцна го направи истото, но откри дека станале горди родители на уште една ќерка која ќе го носи името Саша.

Малата ќеркичка Нина која ја добија во 2024-та, односно пред две години, сега ќе се радува на бебенцето како поголема дадичка која и за натака низ животот ќе биде нејзни пример и заштита.
Гордите родители изминатиот период не беа од оние кои транспарентно покажуваат детали од приватноста, а очигледно решиле пред јавноста да обзнанат само кога доаѓаат големите нешта.

Честитки, да е здрава и жива Саша!
фото:Instagram printscreren/ivana.dimitrioska






