Македонската фолк сцена низ годините видела сè и сешто, па и нетрпението меѓу пејачките Елена Велевска и Сузана Гавазова.
Но, тоа што до вчера изгледаше како научна фантастика, денес е реалност откако на социјалните мрежи осамнаа фотографии од нивниот последен заеднички настап, каде двете фолк диви се снимени буквално „залепени“ една до друга, видно расположени, насмеани и во одлично расположение!
Ни трага ни глас од некогашното нетрпение.

Времето очигледно лекува сè, а овие нови фотографии се дефинитивен доказ дека „секирите се закопани“ еднаш засекогаш!
Глетката на Елена и Сузана како уживаат во меѓусебното друштво на настап е освежување и позитивна естрадна енергија.

За потсетување, нивното нетрпение со години не беше само обичен „чаршиски муабет“, зашто односите меѓу Велевска и Гавазова долго време беа под точката на замрзнување, а „отровните стрели“ летаа од сите страни.
Пред неколку години, тензијата го достигна врвот кога Елена Велевска отворено призна дека нивните односи воопшто не се добри и дека едноставно не комуницираат. Од друга страна, Сузана во своите интервјуа секогаш се обидуваше да игра подипломатски, изјавувајќи:
„Разговараме со Елена, не сме скарани. Конкуренцијата е добра, се надополнуваме и се поттикнуваме една со друга“.- кажа своевремено Гавазова.

Дали станува збор за зрел потег на две реализирани жени и мајки, или пак во тајност се крчка некој дует, останува да видиме…
фото:Instagram printscreen/suzana gavazova/Gemini(AI)






