Боки 13 во својот последен лајв поткаст реши да ги отвори картите и преку обраќање во живо на својот Јутјуб-канал јавно проговори за нарушениот однос со српската музичка ѕвезда Јелена Карлеуша со која колку до вчера беа „га* и гаќи“, се додека таа неодамна не го блокираше на социјалните мрежи.

Јовановски она што досега можеби го чувал зад затворени врати, сега го истури пред јавноста! Боки изнесе низа тешки тврдења за нивното некогашно пријателство, откривајќи дека со години премолчувал, простувал и голтал разочарувања од Карлеуша кои, како што вели, длабоко го повредиле. Следуваше бура од обвинувања, отворање стари рани и (не)простени разочарувања!
Особено го погодило однесувањето на Карлеуша во периодот кога тој завршил зад решетки. Според неговото тврдење, пејачката тогаш не му се јавила ниту нему, ниту на неговата мајка, за да праша како е и низ што минува(ат). Но, тоа не било сè! Боки раскажа дека веднаш по неговото заминување во затвор, таа го отстранила и од нејзиниот Инстаграм профил.

Сепак, вистински трн во окото, според неговото Јутјуб признание, било нешто сосема друго. Боки тврди дека Карлеуша пеела и престојувала во апартман кај Зоран Кичеец – човекот кој според неговите зборови го наместил за тој да заврши во затвор. И покрај тоа, Боки рече дека и ова ѝ го простил, а долго молчел од почит кон нејзината покојна мајка Дивна Карлеуша.

А сега кога реши да проговори, Боки не штедеше отровни зборови: „Јелена е сериозен социопат! Таа не знае ни да сака, ни да почитува. Иако понекогаш е љубезна и тоа е фејк“ – порача тој, упатувајќи жестоки критики на сметка на довчерашната пријателка.
Боки нагласи дека зад себе оставил многу премолчени ситуации, па дури и контактите на Карлеуша со Зоран Кичеец, за кои, како што тврди, знаел уште тогаш.

Судејќи според неговото обраќање, пријателството кое некогаш изгледаше блиско и идилично сега е претворено во вистинска јавна војна. Блокирањето на социјалните мрежи очигледно било само капката што ја прелеала чашата, а Боки сега реши да проговори за сè што со години го тиштело.

Дали Јелена Карлеуша ќе остане нема на овие тешки прозивки или ќе возврати со своја верзија на приказната, онабргу ќе дознаеме!? Во секој случај, оваа естрадна сапуница очигледно сè уште ќе има нови продолженија кои јавноста едвај ги чека!
Фото и видео: Инстаграм/boki13official/AI-Chat GPT





