Радио Милева скарана со сите

Дара Бубамара ја прозва Јелена Карлеуша, а таа ѝ возврати со ироничен и брутален удар

Дара Бубамара ја прозва Јелена Карлеуша, а таа ѝ возврати со ироничен и брутален удар

Долгогодишното непријателство помеѓу некогашните блиски пријателки,  Дара Бубамара и Јелена Карлеуша, повторно се најде во центарот на вниманието, откако стана повеќе од јасно дека е потребна само една искра за одново да се разгорат старите страсти.

Иако двете пејачки со години немаат никаква комуникација и не кријат дека меѓу нив не постои пријателство, најновата медиумска пресметка покажа дека меѓусебните недоразбирања сè уште силно тлеат под површината.

Поводот за најновото естрадно препукување беше неодамнешниот екстравагантен стајлинг на Карлеуша, која се појави во провокативен црн комбинезон, надополнет со специфичен  детаљ преку главата. Ваквиот моден избор веднаш го привлече вниманието на Дара, која како личност позната по тоа што никогаш не премолчува, реши јавно да го прокоментира изгледот на колешката, истовремено правејќи директна споредба на нивните музички успеси и хитови.

Дара ја истакна својата музичка кариера и хитови како „Поље јагода“, додавајќи дека нејзиниот фокус е на песните, а не на модни експерименти, нагласувајќи дека таа лично не би се облекла на таков начин.

На тоа брзо одговори Карлеуша преку социјалните мрежи со ироничен коментар за сопствената кариера.

-Што да правам јас, кутрата, кога немам хитови и кариера“, иронично напиша Јелена на својот профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša FP (@mega.zvezda.jk)

Пресметката продолжи и на платформата Икс, каде Карлеуша ги истакна своите меѓународни достигнувања, појавувања на Нетфликс и присуство во проекти наградени со значајни признанија, потврдувајќи дека тензиите меѓу двете пејачки остануваат високи.

 

фото:Instagram printscreen/darabubamara_official/you tube printscreen/Jelena Karleusa

To top