Радио Милева исполнет живот

Родениот брат на Милош Биковиќ е монах од 22 години, а еве што вели актерот за него

Родениот брат на Милош Биковиќ е монах од 22 години, а еве што вели актерот за него

Познатиот српски актер Милош Биковиќ ужива во успесите и на професионален и на приватен план.

Биковиќ со години гради успешна кариера, а покрај неговите професионални чекори, јавноста е заинтересирана и за неговиот приватен живот.

Актерот отсекогаш го чувал приватниот живот далеку од очите на јавноста, а своето семејство исто така ретко го експонира. Сепак, познато е дека е особено близок со својот постар брат Михаило, кој е игумен и монах во Српската православна црква.

Милош во една прилика зборуваше за својот брат Михаило.

„Мојот брат замина во манастир кога имаше 22 години. Важно ми е да кажам дека со него разговарам како со брат, но секогаш се потсетувам дека тој сепак е монах кој својот живот му го посветил на Бога. Понекогаш, во разговорот сакам да му противречам, но наместо тоа, секогаш му велам: „Ќе размислам за твоите зборови““, раскажа тогаш Милош на магазинот „Есквајр“.

Актерот откри и која била причината поради која неговиот постар брат се замонашил.

„Ми објасни дека никогаш не почувствувал такво исполнување на животот и дека ја пронашол единствено во допирот со Бога. Кога мојата слава го надмина сето она што го очекував, се сеќавам дека брат ми ми рече: „Сега повеќе не си важен само ти. Сега стана симбол“.

На некој начин, тој почна да ми се восхитува, иако никогаш не го очекував тоа од него бидејќи е необично за еден монах. Тој добро знае колку и кога се кршам и се сомневам во себе“, искрено раскажа Биковиќ.

foto: print screen/Instagram/bikovic

To top