Радио Милева иронијата на комшиската „љубов“

Тамара Волческа јавно ги сподели маките со соседот и се’ она што ја спопадна со пајак – службата: „Ваљда дома сум му била паркирана…“ (видео)

Тамара Волческа јавно ги сподели маките со соседот и се’ она што ја спопадна со пајак – службата: „Ваљда дома сум му била паркирана…“ (видео)

Секој што живее во урбана средина и секојдневно вози автомобил барем еднаш ја почувствувал онаа позната македонска „комшиска љубов“ – кога некој од зградата уште од рани зори будно внимава каде сте паркирале, па наместо да тропне на врата за човечки муабет, веднаш го врти бројот на пајак-службата.

Токму во ваква секојдневна и прилично нервозна ситуација во која лесно ќе се пронајдат многумина читатели, се најде и нашата позната пејачка Тамара Волческа, моментално актуелна и од учеството во „Ѕвездите на Гранд“,  која реши целата мака да ја сподели со своите следбеници преку иронично и духовито видео-обраќање на Инстаграм.

Откако од утринава морала неколку пати да трча и да си го спасува автомобилот од пајакот поради пријава од сосед, Тамара на свој препознатлив, искрен и народски начин ја отвори душата за сето она што ѝ се случило пред зграда.

-Значи јас ги обожавам тие комшии кои имаат такава цел да го направат денот на другите комшии уште поубав. И денес станал од сабајле и си рекол ќе викам пајак служби петпати за на моите комшии да им го разубавам денот уште повеќе. Ја спасувам колати трипати, на четвртиот не ја спасувам… Нема врска,  ваљда сум била пркирана во двор кај него, во стан, можда дома сум му била паркирна, нема врска иако е на сред улица, година дена тука се пракирам. Како и да е, така си одлучил човекот, нема врска, може да дојде на врата и да ми заѕвони и да ми каже зошто да не ја паркирам колата таму, да се договориме и нема да паркирам таму. Поентата ми беше дека за пола саат колата пак ќе ми биде паркирана на исто место и утре од сабајле пак, без разлика колку пајаци дошле и колку пати ја собрале. Не знам зошто си го расипуваш денот?!- порача Волческа во својата објава.

Нејзиниот ироничен коментар веднаш предизвика реакции, вакви и онакви… бидејќи приказната за паркингот и инаетењето меѓу соседите е секојдневна тема. Ама Тамара, наместо да дозволи да ѝ го расипат денот, таа покажа дека со малку хумор и ладна глава полесно се пребродуваат и ваквите нервози.

фото: Instagram printscreen/volce.ska

To top