Познатиот македонски водител Миро Кацаров деновиве максимално ги полни батериите на егзотичните и рајски Малдиви, каде што ужива во друштво на својата поубава половина.
Како што му доликува на еден вистински инфлуенсерски пар, социјалните мрежи веднаш се „запалија“ со преубави, естетски совршени фотографии – тиркизно море, бел песок, палми кои висат над водата и стајлинзи кои изгледаат како излезени од модно списание.
View this post on Instagram
Но, оние кои редовно го „следат“ Миро знаат дека зад секој совршен кадар секогаш се крие неговиот препознатлив хумор. Па така, покрај совршените пози во кадар, тој реши на своите следбеници да им ја покаже и „нефилтрираната“ реалност на плажите, поточно – што прават комшиите во нивна близина.

Додека се релаксираше под сенка, Кацаров улови неколку хит сцени од друга двојка на плажа во обид за совршени фотографии по барање на понежната половина.
На една од објавите, Миро сними господин кој буквално „пати“ за да и направи совршена фотка на својата партнерка, барајќи го идеалниот агол под палмите. Миро кратко и јасно напиша: „Увек мажот си пати за добра слика“.

Серијалот продолжи со уште посмешен кадар „Дел 2“, каде што девојката легната на песокот прави гимнастики во име на уметноста, додека нејзиниот маж трпеливо ја документира целата ситуација со телефонот.
„Мажот слика, она дига нози“, додава во свој стил водителот, со што предизвика лавина од смеење и реакции кај следбениците која веднаш се препозна во овие „слатки маки“.

Со ова, Миро уште еднаш докажа дека дури и на најоддалечените луксузни дестинации во светот, со себе го носи она најважното – добриот македонски хумор и окото за детаљ кој секого ќе го насмее до солзи.
А можеби на крај решија и да си ја поделат маката, па и да си помогнат едни на други, се тоа за совршена фотка/и кои Миро и Иванаги објавија – секако совршени!
фото:Instagram printscreen/miroslav kacarov/Gemini(AI)






