Победничката на „Елита 9“, најпознатата старлета, Станија Добројевиќ, ги спакува куферите и замина за Америка, поточно во Мајами, каде што живее веќе долги години.
Станија најпрво се огласи од аеродромот, каде што го фотографираше авионот на пистата пред полетувањето за Америка. На аеродромот друштво ѝ правеше кучето Пабло, од кое старлетата ретко се одвојува.

Штом пристигна во својот дом на Флорида, Станија се ослободи од вишокот облека и ги израдува фановите со фотографии од својот стан.

Таа позираше пред огледало во розев кроп-топ, кој повеќе откриваше отколку што покриваше, и долен дел од костим за капење со низок струк. На главата носеше бела капа со розеви детали, додека во прв план беа нејзините извајани стомачни мускули и фигурата на која напорно работи во теретана.

Добројевиќ планира следните денови да ги помине уживајќи во сончевото време, плажите и луксузниот живот на Флорида, а судејќи според првите објави, нејзините следбеници на социјалните мрежи можат да очекуваат уште многу летни изданија во наредниот период.

Да потсетиме, Станија неодамна накратко влезе во „Елита“, па сите останаа изненадени кога ја видоа на капијата. Сепак, Станија не влезе како редовен натпреварувач, туку се појави за да го изненади својот пријател Дача Веријевиќ.
Foto: Printscreen/Instagram/stanijadobrojevic







