Промотер

Андријана Јаневска и Климе Ковачески: Моќeн вокал и македонска емоција што допира право во душата во – „Никола“ (АУДИО)

Андријана Јаневска и Климе Ковачески: Моќeн вокал и македонска емоција што допира право во душата во – „Никола“ (АУДИО)

Има песни што едноставно се слушаат, но има и такви што се чувствуваат! Токму таква е новата музичка приказна што ја создадоа македонската музичка дива, професорка и доктор на науки Андријана Јаневска и истакнатиот македонски композитор со американска кариера Климе Ковачески.

Двајцата ги здружија своите музички сили, а резултатот е моќната македонска лирска изведба на песната „Никола“ – композиција во која секој стих, секој тон и секоја отпеана нота носат посебна емоција.

Јаневска уште еднаш покажува зошто важи за еден од вокалите кои со само една нота умеат да допрат длабоко до слушателот, додека Ковачески со својата авторска визија создава музичка подлога која совршено ја надополнува нејзината интерпретација.

„Никола“ е дело кое не се обидува да го следи моменталниот комерцијален тренд, туку оди по свој пат – лирски, сериозно и со силен македонски печат.

А токму во тоа е и неговата вредност. Во време кога музичката сцена е преплавена со брзи хитови создадени за моментален ефект, ваквите авторски проекти потсетуваат дека вистинската музика може да остави трага многу подолго од едно слушање.

Со „Никола“, Андријана Јаневска и Климе Ковачески не носат само нова песна, туку уште една музичка приказна која заслужува да биде слушната – и запаметена.

Како  звучи „Никола„ на Климе и Андријана,  проследете во продолжение…

To top