Познатиот македонски стилист Сергеј Варошлија седна на „Полиграф“ кај Стефонатор и брутално искрено преку свој животен филизофски пристап зборуваше на доста теми.
Меѓудругото, тој отворено проговори и за пропаднатото пријателство со Лила Филиповска.

На прашањето дали му е криво, тој одговори:
„Не ми е криво… туку ми е криво поради односите кои се нарушија непотребно“, додавајќи дека не е конфликтен и дека „толку било речено или пишано“.
И покрај разидувањето, тој призна дека му недостасува нејзината смисла за хумор и ѝ посака „да е здрава и жива “, бидејќи знаела да го насмее.

„Да. Знаела да биде многу смешна. Мислам она е една од најсмешните луѓе што јас во животот ги познавам. И секогаш сум ѝ викал да си жива и здрава. Притоа, и сега од денешна дистанца го мислам истото – да е здрава и жива уште 100 години, баш затоа што успеала да ме насмее на ненормално смешен начин, по 100 пати на ден, еве дури и сега ми е смешно“- кажа Сегеј и притоа речиси на сите одговори на прашањата полиграфот покажа дека се точни, освен за тоа дали е заљубен.

За потсетување, односите меѓу Сергеј и Лила заладија по аферата „Рекет“ и апсењето на Бојан Јовановски – Боки 13. На една непријатната средба, преку трето лице на Сергеј му пренеле дека на Лила ѝ е забрането да комуницира со него, а тоа стави дефинитивна точка на нивната блискост.
фото: You tube printscreen/ Steffonator/ Instagram printscreen/ Gemini





