Нема човек во средни години, а за оние повозрасните и да не говориме, кој барем еднаш нема да каже: „Ееееее… во мое време не беше вака, беше многу поубаво“…!

А секое време си носи свое. Се во свое време – што би рекле, само што времињата се менуваат, а со нив и навиките, правилата, начинот на живот… За жал со годините, некако се „на полошо“! Вредностите – изврети, изгубени квалитетот, етиката, моралот, исчезнати емпатијата, колегијалноста, па и љубовта… Се некако сведено на трка по пари, гол интерес и задоволување на анималните страсти. Криминалот и корупцијата инволвирани во секоја општествена пора, речиси всадени во генот, а сиромаштијата само ја надополнува општата колективна апатија.

„А во мое време не беше така…“ – е најчестата реченица на постарата гарда која тешко се адаптира на „новото нормално“ зашто не е навикната да живее во „ненормално“!

Тој не е престарен, ама сепак не ни тинејџер, иако е дете на 21-иот век. Презентерот на временската прогноза на Сител, Спасе „Рола“ Јовановски овој пат не прогнозираше, туку рекапитулираше.

Се потсети на „старите добри времиња“ па направи мала рекапитулација на она што во негово време не било ни приближно исто со ова, во ова време. Напротив – многу нешта дури дијаметрално се и различни! И многу помалку идилични…! Можеби затоа оние времиња биле и посреќни или барем така велиме, зашто посреќно и поубаво во нив се живеело. Како? Како кралеви!

Како „Во мое време“ – што би рекол Спасе Јовановски, „звани Рола…до бола“:


Фото: Фејсбук и Инстаграм/rolladobolla





