Радио Милева годините за неа се само број

Пејачката се соблече на јахта и покажа како изгледа: „Сè стекнав сама, никој не ми е рамен“

Пејачката се соблече на јахта и покажа како изгледа: „Сè стекнав сама, никој не ми е рамен“

Познатата кантавторка Алка Вуица уште еднаш докажа дека годините за неа се само број, објавувајќи атрактивна фотографија од летувањето. На 65-годишна возраст, пејачката изгледа одлично додека позира на палубата на јахта во елегантен црн едноделен костим за капење и развеана бела наметка.

Со темни очила за сонце и самоуверена поза на отворено море, Алка ја покажа својата беспрекорна линија и завидна енергија. Летната објава на социјалните мрежи дополнително ја зачини со песната „Сè за љубов“ на Младен Грдовиќ, која совршено се вклопи во морскиот амбиент.

Нејзините бројни следбеници останаа воодушевени од ова издание, па не штедеа комплименти за нејзиниот младешки изглед и безвременски шарм.

„Јас сум препаметна, прекрасна и никој не ми е рамен. Неодамна ја гледав Џејн Фонда, која рече: „Ве молам, каков маж?! Ми требаат добри пријателки, патувања, воопшто не ме интересира тоа“. Мажите се многу барачи, треба многу да им се дава, а јас не сум се заљубила. Да бидам во врска само затоа што треба да бидам во врска, тоа не го сакам“, рекла пејачката, откривајќи дека од своите партнери никогаш не добивала скапи подароци.

„Не сум имала дарежливи партнери, главно сите биле скржави. Добро, ќе добиев некое шампањско, ланче, парфемче, марама на Хермес, но никогаш не сум се разбудила и пред вратата да видам Audi A6 со црвена машна, што отсекогаш сум го посакувала. Такви работи секогаш сама си купував. Сè стекнав сама“, истакнала во подкастот на „Вечерњи лист“.

„За жал, бев и љубовница. И мислам дека тоа е понижувачки за една жена и на секоја би ѝ препорачала да не влегува во таков однос. Мислиш дека од таква врска можеш да излезеш недопрена, но не можеш. Никој нормален не може да прифати да биде втор. И всушност е страшно како тие мажи што заведуваат, бидејќи мажите кои имаат љубовници го прават тоа, заведуваат, секогаш ја имаат својата тажна приказна“, рекла таа во една прилика за „Слободна Далмација“.

foto:printscreen/Instagram /alka.vuica

To top