Мегафон Љубов, емоција и многу аплаузи...

Спектакуларна концертна промоција на албумите „Љубов“ и „Верувај ми“ на „Бендот на браќа Нуне“

Спектакуларна концертна промоција на албумите „Љубов“ и „Верувај ми“ на „Бендот на браќа Нуне“

Вечер исполнета со многу љубов, емоција, позитивна енергија и многу музика. Така беше вчера вечерта на концертната промоција на двата нови албуми на „Бендот на браќа Нуне“, вечер за која ќе се зборува долго, бидејќи веќе подолго време на нашата естрада вакво нешто не се случило. Полна сала со насмени луѓе, а такви беа и членовите на бендот, па како ретко кога се создаде атмосфера каква што може да се посака. Велат дека е привилегија да се сака она што се работи.

Кога зборуваме со „Бендот на браќа Нуне“ ова и тоа како важи, бидејќи ним музиката им е живот, а животот музика. Затоа се толку добри, затоа се толку почитувани. Тоа се виде и синојка, кога во полната сала никој не ги штедеше дланките за да ги награди со аплауз и еуфорија после секоја нивна песна. А се промовираа 16 нови песни сместени во два албуми. Бидејќи овој бенд подеднакво добро плива и во фолк и во забавната музуика, па така и песните беа поделени, осум фолк и осум забавни мелодии. Ваквата поелба има големо значење, бидејќи бендот годинава го слави осмиот роденден, па оттаму и по осум нови песни во фолк албумот насловен како „Љубов“ и забавниот „Верувај ми“. Песните на овие албуми се наменети за сечиј вкус, бидејќи едниот е наменет за љубителите на фолк музиката, додека другиот на забавната. Ова е доказ дека овие талентирани и школувани музичари подеднакво добро и успешно пливаат и во двата стила.

Фолк албумот е насловен како „Љубов“ и на него се смстени песните: „Браќа Нуне свират вечерва“, „Сине“, „Верни другари“, „Ќе се вратам мајко“, „Верна љубов“, „Напи се брате“, „Прстен и давам“ и „Тапаните силно ми чукаат“, која е обележана со спот и која летово стана голем хит. Забавниот албум се вика „Верувај ми” и на овој албум може да се слушнат „Љубов што е љубов“, песна која го обележа летото, „Верувај ми“, „Ништо не значи“, „Глеј“, „Живот“, „Еј, девојко, девојко“, „Љуби, љуби, љуби“ и „Љубовта е најскапа“.

-Нашата цел е да оставиме музика зад нас и се надеваме дека сите генерации по нас ќе ги свират овие песни и дека музиката ќе живее исто како што живее од луѓе што биле пред нас, рече Раде. Филип се заблагодари на сите во бендот и з цлокупната поддршка од публиката за она што го работат.

-Ова е дело на сите нас во бендот.Оваа поддршка многу ни значи. Македонската музика недостасува и сите треба да создаваме, рече Филип. . „Бендот на браќа Нуне“, покрај Филип и Раде имаат два прекрасни вокали Мими и Дац, одлични инструменталисти Слободан Геровски и Роберт Јосимовски, а на вчерашната промоција им се придружија и Горан Гешовски, Танче Гроздановски, Ратко Даутовски, Димитар Михајловски и Ана и Теа, кои беа придружни вокали.

Зад овие два албума стојат и нивните соработници Мите Димовски, Роберт Билбилов, Давор Јордановски, Дмир Имери и Иван Петровски. Специјален гостин вчера беше еден од најдобрите мајстори на хармоника во Србија, Борко Радивојевиќ. -Без труд нема успех а ова е доказ дека трудот носи успех. Добрите музичари секогаш се пронаоѓаат и спојуваат. Така и ние се споивме. Се знаеме веќе пет години и браќата Нуне навистина се квалитетни музичари, рече Радивојевиќ.

По три часа музика, по промовирање на сите 16 песни и по еуфоричните аплаузи кои ги добиваа заврши промоцијата со честитки за успехот. Сите се сложија во едно- навистина беше промоција за паметење. А ваквите моменти, покрај песните се сигурни чекори кон скалилата на успехот. Кога станува збор за „Бендот на браќа Нуне“ несомнено е така, бидејќи со новите песни и со промоцијата покажаа дека не само што се со широко срце и голема душа, туку и дека вратата на успехот за нив веќе е широко отворена.

To top