Пејачката Маја Шупут, која често се спомнува како најбогатата пејачка на Балканот, вчера во Лондон го прослави својот 47-ми роденден и со своите следбеници на социјалните мрежи сподели дел од атмосферата на овој посебен ден.
Маја најпрво објави фотографија од својата хотелска соба, но вистинското изненадување пристигна на полноќ: на креветот ја чекаа чоколадна торта украсена со јагоди и чаша шампањ.

По интимната прослава во хотелот, Маја одлучи да продолжи со славењето и навечер. За таа пригода, таа избра впечатлив, тесен фустан што ја истакнуваше нејзината фигура. Креацијата се одликуваше со длабоко деколте и атрактивни отвори под градите и во пределот на половината, благодарение на што нејзиниот изглед навистина се истакнуваше.

Маја со насмевка позираше пред камерите, а фотографиите од Лондон набрзо ги сподели со своите следбеници на Инстаграм.

Да потсетиме, Маја Шупут неодамна била снимена на загрепскиот аеродром во друштво на синот на хрватскиот претприемач Емил Тедески Помладиот. Инаку, таа неодамна ја прекина врската со Шима Елез, кој бeше 19 години помлад од неа.
Според пишувањата на порталот „24sata.hr“, чиј читател се нашол на местото и ги снимил сцените и фотографиите, парот делувал исклучително близок.
foto: printscreen/instagram/majasuput






