За првпат во Скопје, на еден единствен концерт, доаѓа еден од најпрепознатливите хрватски вокали – Марко Шкугор!
На 17 октомври 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во салата на Македонската филхармонија, нè очекува незаборавна музичка вечер исполнета со најубавите далматински балади, безвременски хитови и многу емоции.
Марко Шкугор е препознатлив по својот моќен и емотивен вокал, а неговата музика со години ја освојува публиката ширум регионот.
На концертот ќе ги слушнеме неговите познати песни, меѓу кои „Samo s tobom sam upoznao ljubav“, „Dešperad“, „Ti budi ti“, како и други песни од неговиот богат репертоар.
Посебно место во неговата кариера имаат и соработките со големи регионални имиња, меѓу кои и Данијела Мартиновиќ, со која ја снимија песната „Ono nešto“.

За првпат во Скопје. Еден единствен концерт, една вечер исполнета со љубов, далматински дух и многу емоции.
Билетите се во продажба на karti.com.mk
Шкугор во Скопје – концерт кој не треба да се пропушти!






