Радио Милева била решена, но...

Ведрана Рудан не сакала да живее по дијагнозата за агресивниот канцер: „Сакам еутаназија, тоа чини 17 илјади евра“

Ведрана Рудан не сакала да живее по дијагнозата за агресивниот канцер: „Сакам еутаназија, тоа чини 17 илјади евра“

Хрватската писателка Ведрана Рудан почина на 77-годишна возраст, а веста за нејзината смрт беше објавена на нејзината официјална страница на Фејсбук.

Ведрана долго време се бореше со исклучително агресивен облик на канцер — рак на жолчните патишта, а својата борба, тешките болки и деновите поминати на одделот за онкологија детално и отворено ги опишуваше во текстовите на својот блог. Након што дознала за тешката дијагноза, таа донела тешка одлука бидејќи, како што говорела, не сакала да има тешка смрт ниту да умира на рати.

Со сопругот со текот на годините собирала заштеда, со оглед на тоа што постапката за еутаназија чини 17.000 евра. Таа се јавила во соодветната организација, започнала да се допишува со нив, ја уплатила членарината и за својата намера ги известила децата и сопругот.

Откако им ги испратила своите медицински наоди, процесот бил покренат и таа била прифатена. Меѓутоа, процедурата се покажала како покомплицирана отколку што очекувала, бидејќи организацијата постојано барала дополнителни медицински наоди, а писателката тогаш дознала дека дури 85 отсто од луѓето на крајот се откажуваат од овој чекор.

Таа сфатила дека таму би морала да помине одредено време, да поминува низ интервјуа и дека на крајот конзилиум би проценувал дали сепак може да ѝ се помогне. Со оглед на тоа што во меѓувреме и физички изнемоштила, таа на крајот се откажала од еутаназијата. Рудан претходно раскажа дека сопругот и таа со години тргале на страна и успеале да ги соберат потребните средства, но кога сфатила низ какви долги интервјуа и анализи треба да помине додека некој конзилиум одлучува за нејзината судбина, едноставно физички премногу ослабнала и го прекинала целиот процес.

фото:Printscreen/You tube

To top