Радио Милева мераци за сите сетила

Жешко и езготично издание од Египет: Сара Мејс никогаш посекси во ултра мини танга бикини

Жешко и езготично издание од Египет: Сара Мејс никогаш посекси во ултра мини танга бикини

Македонската музичка ѕвезда Сара Мејс уште еднаш докажа дека знае како да го привлече вниманието на јавноста и да ги зоврие социјалните мрежи до максимум.

Познатата пејачка и харфистка неодамна се врати од уште едно егзотично патување во Египет, каде што престојуваше заедно со сопругот Димитар Атанасовски и нивните две деца.

 

 

Иако оваа дестинација веќе им е традиција и добро познато место за уживање, новите кадри кои Сара ги сподели на својот Инстаграм профил веднаш станаа главна тема на разговор.

 

Во апсолутен фокус на објавите се најде нејзиниот неверојатно храбар и провокативен избор на костим за капење, односно ултра мини танга бикини кое ги става нејзините облини во преден план.

Додека чекори по ситниот песок кон зајдисонцето, Сара изгледа посамоуверено и пожешко од кога било, оставајќи ги без здив своите следбеници со линијата која ја има доведено до совршенство, а на која богами доста работеше и преку специјален план за исхрана.

Ова патување во Хургада за познатото семејство беше уште едно убаво, лабово летно резиме исполнето со сонце, топло море и незаборавни семејни моменти.

Тие максимално ги искористија топлите денови за релаксација, полнење батерии и создавање нови спомени со дечињата, докажувајќи дека совршено балансираат меѓу семејната идила, па и се’ она останато кое им причинува личен мерак.

фото:Instagram printscreen/sarahmace__

To top