Радио Милева во полн сјај

Врела битолчанка: Македонската „Гранд“ ѕвезда во предизвикувачка поза, облините избија во прв план

Врела битолчанка: Македонската „Гранд“ ѕвезда во предизвикувачка поза, облините избија во прв план

Атрактивната битолчанка Марија Груевска, која јавноста ја запозна како една од најегзотичните и најекстравагантните учеснички во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, повторно ги запали социјалните мрежи.

Таа и ова лето реши да ги спакува куферите и да замине на својата омилена дестинација – Јонското Море, каде на најубавите плажи на Лефкада го покажа својот телесен раскош во полн сјај.

Пејачката објави серија провокативни фотографии на кои позира покрај тиркизното море, а нејзините бујни облини избија во преден план.

Облечена во предизвикувачки едноделен костим за капење, кои едвај го покриваат нејзиното тело, Марија уште еднаш покажа зошто важи за една од највпечатливите и најхрабрите појави на нашата естрада.

Нејзиниот раскошен задник, тесниот струк и  деколте ги оставија нејзините следбеници без здив, привлекувајќи лавина од лајкови и вжештени коментари.

Марија веќе традиционално секое лето ја бранува јавноста со своите слободни и сензуални изданија од плажа, докажувајќи дека подеднакво добро знае како да привлече внимание и со својот моќен глас на сцената, но и со својот брутален изглед надвор од неа.

фото:instagram printscreen/ri_ja_g

To top