Радио Милева без изговори

Антонија Гиговска не се откажува од вежбањето ниту на најголемите горештини, но овој пат некој друг го украде шоуто

Антонија Гиговска не се откажува од вежбањето ниту на најголемите горештини, но овој пат некој друг го украде шоуто

Популарната пејачка Антонија Гиговска уште еднаш покажа дека за неа нема изговори кога станува збор за одржување на топ-форма.

Дури и во текот на најжешките летни денови, кога температурите се искачуваат до својот максимум, таа не отстапува од својот секојдневен стил и начин на живот.

За неа теретаната и здравите навики се апсолутен императив, без оглед на годишното време или надворешните услови. Но, нејзиното последно стори на социјалните мрежи предизвика вистински бум и лавина од коментари.

Имено, Антонија сподели фотографија од својот тренинг, но овој пат не вежбаше сама. Таа позираше во друштво на еден посебен, пресладок партнер кој покажа силни мускули и целосно го украде шоуто во фитнес центарот – синчето Киан.

Малиот биледер гордо ги покажа мускулите во фитнес центарот и целосно го украде шоуто во црвената маичка со Спајдермен.

„Денес со придружба сум, бегајте“, напиша пејачката во описот на објавата, оставајќи ги фановите со насмевка на лицето пред овој моќен тим кој очигледно е подготвен да ги освои сите фитнес предизвици.

Инаку, Антонија зад себе има исклучително динамичен период. По издавањето на нејзиниот најнов музички албум и серијата летни настапи ширум земјата, јасно е дека таа работи со полна пареа.

Со оглед на сите професионални обврски и брзиот ритам, можеби навистина е редно по овие пеколни тренинзи пејачката конечно да си даде заслужена издишка и време за одмор, па и од теретана.

фото:Instagram printscreen/antoniagigovskaa

To top