Радио Милева во средиштето на пеколната стихија

Дарко Димитров среде огнениот ужас во Сивири: „Глетката беше страшна…“! (ВИДЕО)

Дарко Димитров среде огнениот ужас во Сивири:  „Глетката беше страшна…“! (ВИДЕО)

Пожарот што  избувна на првиот крак на Халкидики, поточно во Сивири, Грција, прддизвика вознемиреност, страв, а на моменти и паника меѓу туристите и жителите на познатото грчко летувалиште. Меѓу оние кои се најдоа во непосредна близина на драматичните случувања е и македонскиот композитор Дарко Димитров, кој со своите блиски бил во својата викенд  куќа која со години ја има во Сивири.

Димитров раскажува дека денот започнал сосема мирно, но ситуацијата нагло се променила откако бил забележан пожарот. Дронот што го пуштиле да извиди отпрвин не укажувал на опасност за населеното место, зашто се чинело дека огнот е далеку, но силниот ветер брзо ја променил ситуацијата и го насочил пожарот токму кон Сивири.

„Седевме опуштено, во типична атмосфера за одмор. Некој довикна: ‘Негде гори’. Пуштивме дрон за да видиме каде е пожарот. Мислевме дека е далеку, но почна да дува силен ветер и огнот го донесе кон Сивири“, раскажува Димитров.

Ситуацијата набрзо станала сериозна. Почнале да пристигнуваат пораки со препораки за итно напуштање на местото, а на терен пристигнале пожарникарски екипи, хидроавиони, хеликоптери и бродови. Надлежните служби веднаш ги презеле сите расположиви мерки за ставање на огнената стихија под контрола и за заштита на туристите и локалното население од катастрофа која би ги загрозила нивните животи.

И покрај стравот и неизвесноста,  реакцијата и организацијата на грчките надлежни служби била правовремена и молневита, што ги пофали и самиот македонски композитор и продуцент.

„Страшна глетка. Но, секоја чест, беа одлично организирани и презедоа сè што треба. Ни рекоа дека вечерта ќе биде критична, но засега е мирно. Во моментов сме дислоцирани во Фурка“, појаснил Димитров кој се јави телефонски и во живо во вестите на ТВ Сител.

Пожарот сè уште не е ставен под  целосна контрола, меѓутоа од доцна вечерта ситуацијата е значително подобрена, а на Халкидики пристигнуваат дополнителни противпожарни сили од повеќе делови на Грција, додека населението и туристите се евакуираат по поморски пат.

Фото и видео: Инстаграм/darkodimitrov/Фејсбук/Сител ТВ/ AI Chat GPT

To top