Неверојатна сцена во живо ја насмеа јавноста, откако ТВ водителката на емисијата „Добро утро Мемфис“, Доминик Дилон, буквално заспала пред камерите.
Дилон подоцна открила дека претходната ноќ спиела само два часа, бидејќи цела ноќ бдеела над своите две мали деца. Очигледно, заморот конечно си го направил своето, па водителката не успеала да остане будна ниту за време на утринската програма.
Снимката од моментот кога Дилон задремала веднаш стана хит на социјалните мрежи, а самата водителка подоцна раскажала што точно се случувало зад сцената.
View this post on Instagram
Во гостувањето во емисијата „Денес“, подоцна таа открила дека нејзиниот сопруг работел двојна смена на железницата, додека таа останала дома со нивниот двегодишен син и осуммесечната ќерка.
„Се обидов да ги успијам околу осум часот навечер, но мојата осуммесечна ќерка едноставно не заспиваше“, раскажала Дилон.
Дополнителен проблем биле и забите на малечката, кои ѝ растеле, па бебето било немирно и тешко можело да се смири.
„Ѝ дадов лек за ублажување на болката, но ништо не помогна. Додека да се свртам, веќе беше 22:30 или 23 часот пред конечно да успеам да ја успијам. После тоа, имав само неколку часа одмор пред да станам и да одам на работа“, открила водителката.

Но, најинтересниот дел следувал токму пред камерите. Дилон воопшто не била свесна дека заспала во живиот пренос.
Таа сфатила што направила дури откако метеорологот Британи Дубоз тивко го изговорила нејзиното име од другата страна на студиото.
„Ги отворив очите и програмата само што одеше на следниот кадар. Помислив: ‘О, Боже! Не можам да верувам дека ова ми се случи. Умирам од срам’“, раскажала Дилон.
Водителката открила и дека во тој момент се штипела под масата, надевајќи се дека сето тоа е само кошмар. Очигледно, по непроспиената ноќ со две мали деца, телото едноставно решило да направи пауза – и тоа во најлошиот можен момент, во живо на телевизија.
Фото и видео: Инстаграм/realestatenorfleet/ YouTube/TV Anchor Who Dozed Off On Air Talks About Her ‘Work Nightmare’




