Македонската убавица со светска кариера, Елена Трајановска, попозната на меѓународните модни писти како Елена Реи, повторно ги разгоре машките фантазии и ја вжешти атмосферата со своето најново, ултра-еротско издание.
Една од нашите најуспешни топ-модели, која уште во 2009 година ја започна својата модна приказна преку матичната агенција „Моделс ИН“, денес е синоним за врвен професионализам, а нејзиното извајано манекенско тело и безвременско лице со години ги освојуваат Милано, Париз, Њујорк и Токио.

Од ексклузивна ревија за Calvin Klein, па сè до светски кампањи за гиганти како Massimo Dutti, Chopard, La Mer и насловни страници за престижниот магазин Harper’s Bazaar, Елена Реи покажа дека нема граници за нејзината убавина.
Овој пат, во фокусот на јавноста е нејзиниот најнов и веројатно најхрабар моден ангажман досега. Станува збор за најавата за ексклузивната линија на луксузна долна облека под провокативниот наслов „Барај ме после полноќ“.

Првите кадри од кампањата за еден познат бренд прикажуваат опасен спој на елеганција и чист еротизам. Елена позира во парчиња во длабоки, чоколадни и вински нијанси што совршено се лепат за нејзините беспрекорни облини, оставајќи ги на виделина нејзиниото дефинирано торзо и заводливиот долен дел.
View this post on Instagram
Минималистичкиот дизајн на облеката, со тенки прерамки кои суптилно го нагласуваат секој милиметар од нејзината кожа, е создаден за моментите кога светлата ќе згаснат.

„Барај ме после полноќ“ не е само обична модна кампања по која таа ја наслови видео објавата, туку вистинска еротска покана која софистицирано ја преминува границата на фантазијата и ја слави моќта на женската привлечност на полноќ.
фото:Instagram printscreen/elena__rei




