Радио Милева влажниот танц на ѕвездата

Сузана Гавазова како риба во аквариум: Бал(ет) во вода на „струмичката сирена“ за „сладок немир“ над езерската шир (ВИДЕО)

Сузана Гавазова како риба во аквариум: Бал(ет) во вода на „струмичката сирена“ за „сладок немир“ над езерската шир (ВИДЕО)

Летото за сите е како создадено за уживање, ама за естрадните уметници е и време „за естрадна жетва“! Мноштво манифестации, летни фестивали, концерти, настапи, свадби…! Кој помалку кој повеќе, ама има за сите.

Една од оние кои најмногу рабоптат и најмногу „жнеат“ е секако Сузана Гавазова. Речиси да нема плоштад, клуб, ресторан, свадба, прослава… каде неа ја нема!

 

Арно ама, за да се издржи тоа темпо и таа динамика, ми душата и телото мора да се „храни“, па затоа атрактивната струмичанка има добра и корисна навика.

Пливањето е ем уживање и релаксација, ем корисно заради опуштање на снагата, набивање кондиција  и регулација на телесната тежина. А, Сузето во вода е како риба. Само пуштија и ќе „шиба“ по цел ден, без оглед дали е река, езеро море или базен!

Дека е така, Гавазова тоа и овој пат го покажа во провидниот стаклен базен на еден охридски хотел. Пејачката како риба во аквариум. Во танга бикини ја сечеше водата со своите облини од крај до крај на отворениот базен, разубавувајќи си го сончевиот ден. И себе си со пливање и панорамски поглед на езерската шир и на сите нејзини следбеници со видеата  сo кои  „струмичката сирена“ им создава „сладок немир“!

Особено кога онака расна, стројна и бујна, фолк ѕвездата ќе го започне својот  воден танц. Бал  на вода, влажен перформанс кој  сите сетила ги буди и надразнува, кога својот базенски балет го изведува Сузана Гавазова!

Фото и видео: Инстаграм/suzanagavazova

To top