Ќерката на Гоца Тржан, Лена, одлучи да го промени своето презиме во Тржан, оставајќи го зад себе презимето Маринковиќ.
Гоца Тржан и Иван Маринковиќ од бракот во кој беа ја добија ќерката Лена, а по нивното разделување, пејачката сама водеше грижа за неа во текот на целото нејзино растење.
Лена досега го носеше презимето Маринковиќ, по татко ѝ, а неодамна на социјалните мрежи откри дека наскоро ќе го замени со мајчиното. Имено, на прашањето од еден нејзин следбеник дали веќе се презива Тржан, таа кусо одговори дека тоа ќе се случи наскоро, што веднаш привлече големо внимание.

Лена неодамна го прослави својот 19. роденден, по кој повод мајка ѝ јавно ѝ се обрати со емотивни зборови, нагласувајќи дека заедно се соочиле со многу стравови и дека таа е нејзината најголема радост.
Инаку, Гоца Тржан претходно има изјавено дека не можела да остане во брак со Иван поради неговите пороци со алкохолот и коцкањето. Таа додаде дека нивниот развод бил ужасен и дека тој сакал да ѝ се одмазди преку медиумите, но нагласи дека повторно би го направила истото за да ја има својата ќерка.






