Радио Милева вечерна прошетка со другарчето

Малиот Марко ги украде симпатиите: Лозано ја прекрши својата строга пракса и ја воодушеви јавноста

Малиот Марко ги украде симпатиите: Лозано ја прекрши својата строга пракса и ја воодушеви јавноста

Еден од најдобрите и најпопуларните вокали на македонската естрада, Влатко Лозаноски – Лозано, реши да направи исклучок од своето златно правило и да ги почести своите бројни обожаватели со еден пресладок, приватен момент.

Познат по тоа што со години љубоморно ја чува својата приватност подалеку од очите на медиумите, пејачот овојпат „пушти срце“ и на својот Инстаграм профил сподели кадар кој веднаш предизвика лавина од позитивни реакции и емоции.

На објавеното „стори“ може да се забележи неговиот син Марко, кој веќе е подраснат и самоуверено чекори по тротоарот, додека во рацете гордо држи поводник и го шета семејното куче.

Оваа топла и спонтана семејна сцена, придружена со безвременскиот хит „Who Let The Dogs Out“, покажа една сосема поинаква, татковска страна на Лозано во која тој максимално ужива. Овој потег е навистина ретка пракса за музичарот, кој важи за можеби најмистериозната личност на нашата сцена кога е во прашање приватниот живот.

Македонската јавност сè уште добро се сеќава на октомври 2024 година, кога како гром од ведро небо одекна веста дека Лозано станал татко. Тогаш бременоста на неговата партнерка се чуваше во строга тајност, а медиумите и фановите дознаа за раѓањето на малиот Марко дури откако бебето веќе беше дојдено на свет, што предизвика општо изненадување и воодушевување.

Лозано дури подоцна, по повод првиот роденден и крштевката на синчето за првпат официјално сподели професионални фотографии и го покажа ликот на својата најголема радост, потврдувајќи колку е горд во најважната животна улога.

Како сублимат на сè, ваквите ретки и искрени објави се вистински доказ дека и најголемите ѕвезди најголемата среќа ја наоѓаат во наједноставните секојдневни моменти. Гледајќи како малиот Марко веќе ги прави своите први големи чекори, јасно е дека времето лета, а Лозано успешно балансира помеѓи успешната кариера и семејното гнездо, дозирајќи ја интимата токму онолку колку што е потребно за да ја задржи својата автентичност и почит кај публиката.

фото:Instagram printscreen/vlatkolozanoski

To top