Снаата на музичката ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, Богдана Родиќ, уште од почетокот на врската со Вељко Ражнатовиќ привлекуваше големо внимание во јавноста, но таа никогаш не сакаше медиумски да се експонира.
Иако никогаш немаше зборувано за медиумите, таа еднаш направи исклучок и во емисијата на својата свекрва, „Цеца шоу“, проговори за односот со Вељко и за нивното семејство.

Богдана откри дека нивното запознавање било уникатно уште од самиот почеток, што довело до неверојатна поврзаност, голема љубов и создавање на семејство кое за нив претставува голем благослов. Таа раскажа дека на почетокот го одбила бидејќи знаела каков е, но тоа кај него разбудило уште поголема желба, за подоцна сè да прерасне во сериозна љубов.
Богдана истакна дека најмногу го сака својот маж, дека тој е внимателен, нежен и полн со љубов, па затоа ништо кај него не ѝ пречи.

Таа додаде дека живее убав и мирен живот, исполнет со улогите на сопруга и мајка. Зборувајќи за децата, таа сподели дека нивниот син Жељко е тврдоглав на неа, но физички личи на татко му, како и тоа дека втората бременост ѝ била полесна бидејќи знаела што ја чека, иако второто бебе било многу понемирно.
Потоа, таа му подари и трет наследник на Ражнатовиќ. На крајот, Родиќ објасни дека нејзината желба да не се појавува перед камерите произлегува од тоа што не израснала во такво опкружување, нема никакво искуство во тоа и јавното експонирање воопшто не ја оптоварува.
фото:Instagram printscreen/bogdanaraznatoviiic




