Мајката на пејачот Дарко Лазиќ, Бранка Лазиќ, се огласи со потресни зборови за првпат по трагичното загинување на синот Драган.
Денес се навршија точно пет месеци од стравичната сообраќајна несреќа во која животот го загуби Драган Лазиќ, роден брат на познатиот пејач Дарко Лазиќ.
Нивната мајка Бранка Лазиќ сподели на Инстаграм фотографија од покојниот син, со потресна порака во која напиша дека денот кога неговите очи се затвориле, нејзините го изгубиле сјајот, додавајќи дека денес се навршуваат пет месеци.

Прераното заминување на Драган Лазиќ го потресе семејството, пријателите, но и пошироката јавност. Братот на Драган, пејачот Дарко Лазиќ, се врати на сцената, но неговата тага не стивнува. Во првата исповед по загубата на својот брат, Лазиќ истакна дека се труди да продолжи понатаму бидејќи животот тече и тој мора да продолжи, но кога би рекол дека е добро, би излажал бидејќи не е добро, иако тоа не го покажува.

Тој додаде дека има свои моменти кога тагува, но тоа никој не го гледа освен неговите најблиски и за тоа никој не треба да знае, бидејќи тагата што ја носи ја знае само тој. Да потсетиме, несреќата во која настрада братот на Лазиќ се случи во местото Владимирци, а иако итно беше пренесен во Општата болница во Шабац, Драган почина како последица на тешките повреди.
фото:Instagram printscreen/lazicbranka




