Радио Милева неприкосновена

Во неонски гаќички кои едвај ја покриваат интимата: Tотален еротски хаос од Јелена Карлеуша

Во неонски гаќички кои едвај ја покриваат интимата: Tотален еротски хаос од Јелена Карлеуша

Кога станува збор за летните трендови, модните изданија на плажа и смелата естетика, неприкосновена кралица на костимите за капење без сомнение е Јелена Карлеуша.

Позната по тоа што со своите провокативни и уникатни стајлинзи диктира правила каде и да се појави, ЈК уште еднаш покажа како се носи летната мода, а нејзините избори на костими за капење претставуваат апсолутен погодок за сите дами кои сакаат да ја истакнат бојата на кожата.

Ако сакате вашиот тен оваа сезона да изгледа максимално нагласен, тајната се крие токму во она што таа најдобро го носи – во јаките, неонските и флуоресцентните бои.

На социјалните мрежи и модните портали повторно се прераскажуваат нејзините највпечатливи плажни изданија во кои во главна улога беа убиствено јаките нијанси.

Карлеуша носеше модели во јако жолта, тиркизно сина и врела пинк боја, кои во комбинација со исончаното тело создаваат неверојатен контраст.

Токму тие флуоресцентни тонови делуваат како совршен визуелен трик.

Благодарение на интензивниот пигмент на јаките бои, кожата автоматски добива значително потемен, бронзен и „изгорен“ изглед од сонцето, дури и ако штотуку сте пристигнале на летување.

фото:Instagram printscreen/karleusastar

To top