Пејачот Здравко Чолиќ уште во 2023 година купи луксузен стан кај Пула во Истра, но во него сè уште не може да ужива со своето семејство бидејќи вселувањето доцни.
Според информациите, во новата недвижност, која се гради во рамките на атрактивен и скап проект сместен на границата меѓу марината и Пјешчана Увала, Чола ќе може да се всели најрано во пролет следната година. Легендарниот пeјач тогаш за свој нов дом на хрватското приморје избра помал стан во една од петте згради со вкупно 150 станови, сместени на ридот над марината што се издига над заливот и од каде што, дури и од пониските катови, се протега поглед кон бродовите, хотелот, Веруда Порат, Верудела, Пјешчана Увала и Фратарски остров.

Хрватските медиуми тогаш пишуваа дека ова е еден од најголемите и најскапите станбени проекти во Пула во поново време. Цената на становите во овие згради тогаш се движеше околу 5.500 евра по квадрат, а Чолиќ за тие пари, кога ќе дојде време за вселување, на располагање ќе има ходник со гардероба, бањи, дневен престој со кујна и трпезарија, спална соба и тераса, додека на станот му припаѓа и едно гаражно место, остава и заеднички базен.

Станот ќе го добие по принципот клуч на рака, со комплетно уреден. Славниот пејач веќе неколку пати се распрашувал кога ќе може да се всели во станот, а при секој престој во овој дел од Хрватска доаѓал на самото градилиште за лично да се увери како напредуваат работите. Од хрватската агенција за недвижности која посредува во продажбата објаснуваат дека разгледувањето во моментов не е можно бидејќи пристапот е опасен и минува низ градилиште, па понудата е достапна главно описно и преку слики.
Очигледно Чола ќе си почека, а богами има да бира каде.
фото:Instagram printscreen/zdravko.colic




