Гоца Тржан неретко јавно зборува за својата интима, а сега призна дека односите со помладиот сопруг, Раша Недељковиќ, ги практикува на јавни места.
Како пример за тоа, таа го посочи сексот во автомобил, нагласувајќи дека токму со тој метод го освежува бракот. Пејачката запраша дали тоа не е идеален начин за освежување на брачниот живот, бидејќи сите веќе сме навикнати постојано нешто да криеме.

Со оглед на тоа што автомобилот се користи за патување од точка А до точка Б, таа предложи едноставно да се сврати на Кошутњак, додавајќи дека таму одат сите, па зошто да не отиде и некој друг.

На самиот крај, пејачката ја шокираше јавноста со признанието дека нејзината ситуација е опасна бидејќи е позната личност, а за жал и нејзиниот маж е сè поприсутен во јавниот живот, па не дај боже да ги сними некоја камера.
Сепак, таа откри дека имаат околу три паркинзи на патот од Белград до Суботица кои се нивни и за кои знаат дека немаат камери, па запраша зошто сексот е толкава табу тема кога сите го практикуваме и сите сме настанале така, со појаснување дека некои луѓе се родени со вонтелесно оплодување, но дека сето тоа е дел од човечкиот однос.






