Има денови кога познатите и слоавни личности сали од досада дали од страв да не ги подзаборават ќе посакаат троа да си поразговараат, да скршат два збора со своите обожаватели. Денес тоа барем не е проблем зашто тука се социјалните мрежи преку кои се шпто сакате можете своите идоли да ги прашате, а тие да ви одговорат, ако им се бендисува прашањето. А и да не им е баш по ќеиф, или же го премолчат или ќе вратат со она што тие сакаат да го слушнете.

Нејсе, деновиве Тамара Тодевска беше расположена за муабети со своите „социјални следбеници“, па ги повика кој сака нешто да ја праша… Чисто за да си прозбори со своите фанови.
Нејзиното расположение како времето – прилично променливо, што и самата го признала, ама затоа одговорите на прашањата на фановите математички прецизни и мошне конкретни!

А, прашањата разно-разни, барем оние што беа јавно објавени, најмногу поврзани за кариерата…
Дали повторно би одела на Евровизија?

Дали и кога голем концерт?

Дали и со кого би снимала дует? – на што Тамара имаше два одговора и едно прашање, и тоа од неа до нејзиниот прв избор од двата, Антониа Гиговска.

Одговорот на оваа констатација експресно и го возврати помладата колешка исто така преку своите Инстаграм приказни… Реакцијата на Антониа – бесценета!

Како и реакцијата на сестра и Тијана која исто така е во комбинација за дует опција… Изразот на фацата на „скопската белграѓанка“ не го гледајте. Не е заради дует понудата, извадок е од стендап комедијата „Менопауза“ на Тијана.

Се редеа прашања и од приватноста, како на пример што прво и асоцира кога ќе се спомене Црвенка, местото од каде е потеклото по мајка на Тамара и Тијана…

Сепак она што најмногу ја „заскокотка“ јавноста беше прашањето за врската со нејзиниот последен партнер Лука… Дали е тука, дали се се’ уште заедно?

Тамара на прашањето за љубовната интима и приватноста на сеирџиите им ја расипа љубопитноста: „Тука е Лука, не смее да мрдне. Ми го урочивте, затоа не го гледате“ – им одговори пејачката покрај споделаната заедничка фотографијана партнерот и едно од нејзините дечиња. Одговор кој на јавноста и ги отвори очите кон еден нов свет… Дека постојат „урокливи очи“ и преку Интернет!
Фото: Инстаграм/tamaratodevska



