Радио Милева во редот на бринети

Македонската ѕвезда на Гранд има нов имиџ: Атрактивната долгокоса Андријана Петрушовска седна на фризерско столче – како ви се допаѓа сега?

Македонската ѕвезда на Гранд има нов имиџ: Атрактивната долгокоса Андријана Петрушовска седна на фризерско столче – како ви се допаѓа сега?

Изминатата, претпоследна сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, високо на врвот истакна двајца македонски натпреварувачи – скопјанката Андријана Петрушовска и велешанецот Мики Секуловски.

Дека двајцата работат на кариерата и не останаа подзаборавени од јавноста како повеќемина претходно од шоуто, говори фактот што Мики од старт започна да настапува соло, но и како придружен вокал на Цеца Ражнатовиќ која му беше менторка.

Андријана пак, досега извади две нови песни, една на српски насловена „Маније“ и друга на македонски „Отвори очи“, двете поткрепени и со видео спот.

Публиката ја сака атрактивната скопјанка, па не ретко ја гледаме и на големи сцени,таа  неодамна пееше пред беровчани, а деновиве и пред кавадарчани на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.

Новините кај Андријана се почесто ги има, а освен оние на музички план, Андријана се поднови, односно промени и во поглед на имиџот.

Имено, таа реши да направи поинаква фризура од својата долга природна црна коса по која е препознатлива.

Андријана седна на фризерското столче и од редот на црнокоси, влезе во бринети со нешто посветло обоената коса во кафена нијансирана нијанса со која се пофали на своите „стори“ објави.

Како Ви се допаѓа сега?

фото:instagram printscreen/andrijanapetrushovska

To top