Радио Милева уметниците во семејството

Каролина Гочева јавно го пофали зетот од сестра: „Мојот омилен глумец“ (фото)

Каролина Гочева јавно го пофали зетот од сестра: „Мојот омилен глумец“ (фото)

Пејачката Каролина Гочева изминатиот период е доста активна со ангажмани на големи случувања на родендени од големи компании, па публиката имаше прилика да ја гледа и слуша на отворено.

За детали од приватноста на Каролина има ограничувања за она што е познато, како и она што не треба да се знае.

Керол се омажи кај уметници, ама уметниците исто ги има и во нејзините од битолска страна, па не само таа е позната и настапува на сцена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Нејзините родители, како и сестрата, немаат јавна професија, но затоа зетот, односно сопругот на нејзината сестра Сандра е актер и директор во Народен театар Битола.

Токму за неговите успеси по одиграна претстава на фестивал во Полска, Каролина јавно сакаше да го пофали зетот дека тој е нејзиниот омилен глумец.

-Мојот омилен глумец, пишува таа дополнувајќи со симболи од задоволно емоџи и аплауз.

Инаку, Каролина често ја објавува женската страна на своите најмили со кои редовно оди на патувања, а објавата со зетот Иван Јерчиќ е  реткост.

Актерот Јерчиќ во бракот со сестрата на Каролина ги има двете ќерки Луција и Инес кои се најголемите миленички на пејачката.

фото:Instagram printscreen/ karolinagocheva

To top