Радио Милева без глумење

Дара Бубамара првпат проговори за преминувањето во жирито на „Пинкови ѕвезди“: „Нема зошто кој да се лути, парите се пресудни“

Дара Бубамара првпат проговори за преминувањето во жирито на „Пинкови ѕвезди“: „Нема зошто кој да се лути, парите се пресудни“

По повеќедневните шпекулации дека би можела да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ и да премине во „Пинкови ѕвезди“, популарната пејачка Дара Бубамара првпат отворено проговори за преговорите и призна дека конечната одлука сè уште не е донесена.

Таа истакна дека моментално не е врзана со договор за ниту една телевизија и дека во септември ќе се знае сè, нагласувајќи дека ова е шоу-бизнис каде што пресудна улога играат парите и условите за соработка.

„Немам потпишано договор со ниту една медиумска куќа, ќе видиме во септември што ќе биде. Пресудни се парите и условите. Сето тоа е шоу-бизнис. Нема зошто кој да се лути, можеби ќе останам во ‘Ѕвездите на Гранд’, а можеби и не.“- вели Дара.

Пејачката моментално ужива на црногорското приморје во друштво на партнерот, синот Коста, братот и пријателите, каде што секојдневно пловат на брод и се релаксираат.

Таа се осврна и на односот со синот, објаснувајќи дека имаат голема доверба и дека не практикува да се сонча во топлес бидејќи таму е со своето семејство.

Што се однесува до нејзиниот неодамнешен откажан настап во Будва, Дара порача дека менаџерскиот тим одлучил да не работи таму, но дека тоа воопшто нема да влијае на нејзината летна турнеја која продолжува со полна пареа.

фото: Instagram printscreen/darabubamara_official

To top