На младата пејачка Антониа Гиговска со текот на искуството од јавната професија и стана јасно дека не може да се допаѓа секому. Едни ќе ја сакаат, други не, а пак трети нема да имаат влакна на јазикот или задршка за коментари на социјалните мрежи кога тема е Антониа, некоја друга јавна личност и нејзиниот приватен и професионален живот.
Дека тоа е така потврди и самата од нејзиното гостување во емисијата „Нешто конкретно“ кај Снеже Велков. Таму тема беше зрелоста кај мажите и жените, а меѓудругото Антониа проговори и за разните критики кои редовно ги добива.
Меѓу многуте ја издвои и она што и забележуваат дека носи ултра долги нокти и како со нив успева да му менува пелени на бебето.На ова таа се смееше и летаргична на ваквите коментари им порача на сите оние што се грижат по ова прашање дека ќе им сними видео како тоа изгледа и ќе им објави на Инстаграм. Но, спомена и дека не и е баш сеедно кога и викаат тетке.
-Има моменти кога ме викаат тетка Антониа. Не сум тетка, имам 22 години. Или ако нешто направи Џеј Ло, секогаш е супер, ама ако го направи Антониа тогаш е… Таква, ваква… И оваа е мајка на дете, како менува пелени со ноктите!?, вели таа.
View this post on Instagram
Ноктите ќе ги има или не’, бебето ќе порасне и нема да носи пелени, но желбата да се коментираат јавните личности ќе остане како нужна потреба за празнење преку социјалните мрежи, а пак за јавните личности што побрзо да научат дека тоа е дел од професијата што ја избрале.
фото:Instagram printscreen/ nestokonkretno1/ antoniagigovskaa