Радио Милева можеби, во некој поубав свет?

„АI“ си поигра со ѕвездите од регионот, кои повеќе ги нема: Дали вака ќе изгледаше и Тоше да беше денес меѓу нас?

„АI“ си поигра со ѕвездите од регионот, кои повеќе ги нема: Дали вака ќе изгледаше и Тоше да беше денес меѓу нас?

Вештачката интелигенција зема се поголем замав. АI (artificial intelligence)  полека но сигурно секојдневно се повеќе расте и се развива, еволуира до граници до кои страв ни е и да помислиме што и кого  се’ ќе  може да замени, што се ќе може да направи? Некои велат дури и ќе развие сопствена свест, свое размислување, надминувајќи го и она човечкото. Нo, футуристичките визии за иднината засега остануваат само во доменот на научната фантастика, иако она што е реалност сепак фасцинира.

Текстови, написи, песни, музика, фотографии, видеа… Небаре се реални, а всушност се измислени, лажни, фејк… создадени со помош на АI, a сепак толку верни на оригиналот и толку едноставно се креираат што и обичен средношколец со  достапните АI алатки може да ги осмисли и изведе.

Некому му текнало да си поигра со вештачката интелигенција, па дали од чиста забава или заради жал по оние кои млади заминаа и не ја дочекаа староста или барем зрелото доба, дел од познатите лица, регионални ѕвезди од областа на филмот и естрадата „ги оживеал“, паралелно  прикажувајќи ги во еден кадар како изгледале во моментот кога заминале  и како би изгледале денес да беа се’ уште меѓу нас?

За некого фасцинантно, за некого бизарно, за едни воодушевувачки, за други срамно заради непочит кон починатите и нивните семејства… Како и да е еве  како би изгледале денес дел од познатите регионални глумци и пејачи, актерски и естрадни ѕвезди кои премлади, прерано заминаа во вечноста. Меѓу нив и нашиот ангел, нашата естрадна икона Тоше.

Томислав Тома Здравковиќ (Алексинац, 20 ноември 1938 година — Белград, 30 септември 1991 година) — југословенски и српски фолк-пејач, композитор и поет.

2. Ксенија Пајчин (3 декември 1977 – Белград, 16 март 2010 – Белград)  – српска пејачка и фотомодел.

3. Динo Дворник (20 август 1964 – Сплит, 7 септември 2008 – Загреб) — хрватски пејач, текстописец, музички продуцент, глумец.

4. Соња Савиќ (15 септември 1961 – Чачак, 23 септември 2008 – Белград) – југословенска и српска глумица.

5. Маринко Маџгаљ (21 август 1978 – Белград, 26 март 2016 – Белград) – српски актер, пејач (дуо „Фламингоси“) и ТВ водител.

6. Тодор Тоше Проески ((25 јануари 1981 во Прилеп — 16 октомври 2007 во Нова Градишка ) — најпознатиот македонски поп-пејач и една од најголемите ѕвезди на регионалната естрада.

Тогаш, но за жал, не и денес… Освен  во нашите мисли и илузии дека сега можеби изгледаат вака, таму некаде, во некој поубав свет!?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nenad L. (@sin_shone)

Фото и видео: Инстаграм/sin_shone/Freepik

To top