Познатата македонска ТВ водителка Милена Антовска уште еднаш покажа дека семејството е нејзината најголема среќа и прибежиште.
На социјалните мрежи таа сподели емотивни моменти од домот, каде деновиве се слави со полна пареа, а поводите се дури два и неверојатно значајни.
На убав празничен ден, нејзиниот татко го прослави својот роденден, но тоа не е сè! Истиот ден, нејзините родители заокружија импресивни 44 години заеднички брачен живот – бројка која во денешно време е вистинска реткост и инспирација за сите.

Милена објави прекрасен колаж од фотографии на кои се гледаат најблиските во топли, семејни прегратки. Најголемо внимание привлекоа внуците, кои буквално го „нападнаа“ својот дедо со бакнежи по повод роденденот.
„Татко ми слави роденден на овој убав празник и со мајка ми слават 44 години брак“, напиша емотивно водителката во описот на објавата, додавајќи црвени срца кои ја симболизираат огромната љубов.

Оваа успешна приказна за љубовта, верноста и заедништвото која трае повеќе од четири децении е вистински пример во модерното време. Како круна на тој успешен брак се токму нивните деца и внуци кои денес им ја враќаат сета љубов со која биле одгледани.
Нека се множат уште многу години поминати во здравје, слога и семејна среќа!
фото:Instagram printscreen/milena_antovska





